Првомајски општински крос 2018

Во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Борјанчо Мицевски, на 30.04.2018 година со почеток во 10.00 часот, на Градскиот стадион ќе се одржи Првомајски општинскиот крос натпревар 2018.

На оваа традиционална манифестација ќе учествуваат ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното училиште „Ѓорче Петров“  во Крива Паланка.

Должините на патеките за трчање се различни, според возраста на учениците и ќе бидат поделени во пет категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Четврто и петто одделение ќе трчат на 200 метри, учениците од шесто и седмо одделение на 300 метри, осмо и девето на 400 метри, средношколците ќе трчаат  во две категории и тоа прва и втора година на 600 метри, а трета и четврта  ќе трчаат на 800 метри.

Првопласираните три места  во поединечна конкуренција  ќе бидат наградени со дипломи и медалји (златна-сребрена-бронзена) од страна на градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Борјанчо Мицевски, а учениците кои ќе освојат први места ќе добијат и дополнителна специјална награда од градоначалникот.

 

Големина на фонт
Контраст