Известување од Општинскиот штаб за заштита и спасување по обилните дождови

Почитувани сограѓани !

На ден 30.03.2018 год.  Општинскиот штаб за заштита и спасување итно одржа состанок и ја разгледа состојбата  по обилните врнежи на дожд во изминатиот период  и активирање на  постојните свлечишта на локалниот пат с.Дурачка Река – с. Станци – маала Метoв – с.Дренак (кај м.в. Видња)  и на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и донесе повеќе заклучоци и препораки меѓу кои:

  1. Донесен е заклучок за целосно затварање на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и препорака за користење на алтернативниот локален пат- Руски пат;
  2. За свлечиштето на локалниот правец Дурачка Река – село Станци – маала Метов – с.Дренак (кај м.в. Видња) се препорачува: 
  • Целосна забрана на  патниот правец за тешки товарни возила;
  • Движењето на лесни моторни возила е во случај на ургентна и неопходна потреба;

Напоредно преку месните заедници се преземаат мерки за информирање на месното население:  од селaта  Дурачка Река , Станци и Дренк.

Упатени се известувања до сите надлежни институции: ПС од општа надлежност, локалните такси компании и останати субјекти.

Се молат сите граѓани да ги почитуваат сите предупредувања, препораки и поставена сообраќајна сигнализација.

За не почитување на овие укажувања Општината и надлежните институции нема да сносат никаква одговорност!

Напоредно на претходно кажаното преку надлежните институции Општината ќе бара можности за  пробивање на нов алтернативен пат.