Повторно се активира свлечиштето на патот кон манастирот Свети Јоаким Осоговски

Почитувани,

На локалниот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски  (на старата траса) на околу 100-150 метри од самиот манастир, повторно се активираше свлечиште од поголеми размери  кое го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.

Општината презеде активности на критичниот дел за да овозможи нужно одвивање на сообраќајот, но во моментот не е можно целосно санирање  на свлечиштето поради големиот обем на истото и неповолните временски услови. Критичното место е соодветно означено и сообраќајот се одвива на стеснет дел од коловозот.

Се молат граѓаните да не ја одстрануваат или оштетуваат поставената сигнализација и да бидат посебно внимателни при движење на тој дел од патот. Се препорачува до санација на свлечиштето за сообраќај да се користи новиот (руски) пат.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

 

Големина на фонт
Контраст