Конкурс за учесници на тренинг за туризам во рамките на проектот „Туризам без граници”

Општина Крива Паланка, заедно со општина Витина од Косово го спроведува проектот  „Туризам без граници” како грант доделен преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.

Како дел од проектните активности предвидно е и обука за туристички водич, обука за екотуризам, и обука за online туризам кои ќе бидат спроведувани и во општина Крива Паланка и во општина Витина.

Како дел од проектот учесниците ќе имаат можност да посетат  и туристички локации во Албанија, Србија и Црна Гора.

Општина Крива Паланка, за потребите на оваа активност бара 15 учесници.

Услови за учество на тренининзите се:

  1. да се полнолетни граѓани
  2. да се жители на Крива Паланка
  3. да имаат важечка патна исправа ( лична карта или пасош)
  4. да имаат основно познавање на англиски јазик.

Тренинзите ќе се одвиваат во период  април – септември 2018

Пријавувањето за учество треба да биде најдоцна до 30 март 2018.  Доколку има пријавено повеќе кандидати, проектниот тим, по извршен разговор со кандидатите ќе изврши финална селекција. Пријавувањето се врши на емиал адресата на проектот tourism.krivapalanka@gmail.com

При пријавувањето треба да се наведе:

  1. Име и презиме
  2. Телефонски број за контакт
  3. Ниво на познавање на англиски ( основно, средно или напредно)

Подетални информации можете да добиете на:

Email: tourism.krivapalanka@gmail.com

Тел: 071 829 825 ( Јорданчо Миневски)