Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Совет на млади на општина Крива Паланка

Врз основа на Статутот на Општина Крива Паланка ( Службен гласник на Општина Крива Палнка бр.8/2010)  и член 38-г од Статутарната одлука за дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка (Службен гласник на Општина Крива Паланка бр.08/2014), како и Одлуката за распишување на јавен повик за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка бр. 09-212/23 од 26.01.2018 година, Советот на Општина Крива Паланка, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЛАДИ  НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

 

  1. Покренување постапка

Се покренува постапка за избор на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка.

Советот на млади на Општина Крива Паланка е советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Крива Паланка.

Во Советот на млади на Општина Крива Паланка можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка-жители на Општина Крива Паланка, со старосна граница од 15 до 30 години.

  1. Број на членови

Советот на млади на Општина Крива Паланка брои 7 (седум) членови.

Советот од своите членови бира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка се бираат со мандат од 4 (четири) години.

  1. Предлагање на кандидати

Право на предлагање  на кандидати за членови во Советот на млади на Општина Крива Паланка имаат: невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на млади.

  1. Потребни документи

При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој Јавен повик:

  1. Образец СМ-1 ( Образец-предлог кандидат за член на Совет на млади на Општина Крива Паланка )
  2. Образец СМ-2 ( Образец-согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Совет на млади )
  3. Образец СМ-3 ( Образец-согласност дека кандидатот за член на Совет е предложен согласно актите на институцијата )

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

  1. Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) или копија од лична карта
  2. Кратка биографија на кандидатот
  3. Фотокопија од регистрација на здружението

 Некомплетни ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

  1. Рок на поднесување

Рокот за поднесување на предлози за кандидатите за членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка е 5 работни дена вклучувајки го и денот на објавата на овој јавен повик на Веб страната на Општина Крива Паланка.

Потребните обрасци може да се подигнат од Архивата при Општина Крива Паланка или од веб страна на општината www.krivapalanka.gov.mk

  1. Доставување на предлози

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка се доставуваат лично во архивата на Општина Крива Паланка, во затворен плик А4 формат, со назнака – Предлог кандидат за избор на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка, на следната адреса ул. „Св.  Јоаким  Осоговски“ бр.175, Крива Паланка.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател
Изабела Павловска

 

 

Големина на фонт
Контраст