Дневен ред на 25-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   25-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.01.2011 година (петок) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

 

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записник од 20-та седница на Советот.

1.     Предлог – Одлука за давање согласност за аплицирање во Програмата „Еверопа за граѓаните“со проект „Зелени градови“;

2.    Предлог –  Одлука за давање согласност за аплицирање во Програмата „Европа за граѓаните“ со проект „Културни разлики – подобра интеграција – Богата европа;               

3.    Предлог – Одлука за   давање согласност за аплицирање во Програмата „Млади во акција“ со проект „Да се следат звездите од север до југ ;

4.    Предлог – Усвојување на Изјава за аплицирање на проекти;

5.    Предлог – Одлука за  усвојување на Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер;

6.    Предлог – Одлука за престанок на постапка за јавно приватно партнерство;  

7.    Предлог – Одлука за   усвојување Елаборат од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во Општина Крива Паланка;

8.    Прредлог –  Одлука за формирање на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

9.    Предлог – Решение за именување на членови за заедничка комисија на МОС;

10. Мислење за прифаќање на Предлог  за воспоставување на МОС;

11. Предлог –  Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на МОС;

12. Предлог – Одлука за ослободување од такса за приклуоци за водоводна и канализациона мрежа на социјалните станови, освен за деловните простори;

13. Предлог – Одлука за превземање на водоводот од МЗ Дурачка Река и отстапување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка.

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Миле Милковски