Соопштение за свлечиште на патот кон с.Станци

Се известуваат жителите на општина Крива Паланка,  посебно од с. Дурачка Река,  Станци и Метоф, кои го користат локалниот пат Крива Паланка-с.Дурачка Река-с. Станци, дека повторно се активираше свлечиштето кај м.в.„Видња“ и патот испод самото свлечиште во должина од околу 350 м. е целосно непрооден. Се известуваат жителите дека тој дел од патот под самото свлечиште е времено забранет за сообраќај и дека треба да се движат по алтернативниот пат.

Локацијата е соодветно обезбедена, поставени се сообраќајни знаци и трака, како и физички пречки  пред забранетиот дел за движење од двете страни.

Се молат жителите да не ги оштетуваат ознаките и да не се обидуваат да поминат под свлечиштето било со кола или пеш, заради нивната лична безбедност.

Големина на фонт
Контраст