Одржана седница на локалниот совет за превенција

На ден 26.01.2011 година во големата сала при Општината Крива Паланка се одржа седница на локалниот совет за превенција. Седницата ја закажа и со неа заседавше Градоначалникот на општина Крива Паланка, а во соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово – преку началник за одделение за превенција Виолета Богдановска и Полицискиот советник од ОБСЕ Јуре Реец. Дневен ред на седницата беше Легализација и доброволно предавање на нелегално оружје и безбедносната состојба во општината Крива Паланка.


На седницата од страна на началник за Одделение за превенција Виолета Богдановска беше објаснета постапката за предавање на нелегалното оружје со осврт на законот за оружјето.Истакна дека  граѓаните кои поседуваат нелегално опружје можат истото доброволно да го предадат во просториите на МВР до 05.06.2011 година дека лицата кои го предаваат нелегалното оружје нема да се идентификуваат и евидентираат ниту против нив се поднесува прекршочна или кривична пријава доколку постапат согласно на  законот и го предадат односно легализираат оружјето до предвидениот рок.
 
Доброволното пријавување на оружјето се врши секоја сабота од 8 до 16 часот, а барањата за легализација се поднесуваат до подрачната едница на МВР во местото на живеење на граѓанинот до 5-ти Јуни 2011 година.
 
Како заклучоци кои произлегоа од седницата на ЛСП беа охрабрување на физичките и правни лица да го пријават оружјето и муницијата кое илегално го поседуваат, намалување на бројот на нелегалното оружје, и подигање на степенот на  безбедноста во општината.

Информативен леток 1

Информативен леток 2