Известување со препорака

Се известува месното население од населбата Трновски Самоков како и други корисници на вода  кои ја користат  јавната чешма  која се наоѓа покрај самиот магистрален пат  М2  на наведената локација, дека водата од чешмата  не е безбедна за пиење. Имено од страна на Агенцијата  за храна и ветеринарство до Општината е доставено известување дека добиениот наод  даден на анализа во Центарот за јавно здравје- Куманово не ги задоволува критериумите за чиста и здрава вода за пиење и користење поради зголемена содржина на нитрати во водата.

Од страна на Општината Крива Паланка, преку Одделението за инспекциски надзор веднаш се превземени мерки за известување пред се на месното население и сите потенцијални корисници, со поставување на известувања на чешмата и нејзиината околина дека водата не е безбедна за пиење. Исто така веднаш директно на лице место е стапено во контакт со дел од жителите на населбата кои се грижат за чешмата и на истите им се предочени соодветни мерки и прeпораки дека треба да се изврши чистење, дезинфекција и кондиционирање на водата,  како и им е предочен начинот како да се направи тоа, за да би можела водата од чешмата повторно да се користи за пиење. По спроведување на мерките потребно е повторно  да се изврши лабараториско испитување  на водата со цел да се утврди дали превземените мерки дале резултат.