Буџет на Општина Крива Паланка за 2011 година

Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година  изнесува 331.305.388 денари.Приходниот дел ќе се обезбедува од даночни, неданочни и капитални приходи, потоа приходи од дотации, трансфери и од донации.

Општина Крива Паланка ќе  инвестира во областа на животната средина, урбанистичкото планирање, поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот и во останатата комунална инфраструктура.

Посебен акцент и вложување на општинските средства во следната година ќе се даде во изградбата и реконструкцијата на водоводни системи и замена на цевковод при што се издвоени средства во висина од 44.800.000 денари за период од три години.