Соопштение за граѓаните – прослава на Бадник

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека по повод големиот христијански празник Бадник, на плоштадот во Крива Паланка се организира палење на бадниковиот оган во четврток 06.01.2011год. во 16 часот.

Церемонијата ќе биде пропратена со традиционалниот начин на прославување на овој голем христијански празник.

Општина Крива Паланка и Кумот на овогодинешната Бадниковата вечер, г-дин Марјан Стаменковски –сопственик на ЕКО ПРОЕКТ, ги повикуваат сите граѓани да дојдат на плoштадот за да заедно да го прославиме овој убав празник.

                                             Општина Крива Паланка
                                                     Градоначалник,
                                                 Арсенчо Алексовски