Избери го твојот приоритет- заедно ја градиме иднината

Во насока на зголемување на транспарентноста и учеството на граѓаните во донесувањето на одлуките Општина Крива Паланка постави анкета на официјалната веб страна „Избери го твојот приоритет- заедно ја градиме иднината“  (https://www.krivapalanka.gov.mk/prioritetni-proekti)

Граѓаните можат да гласат за:

  • Приоритетна улица за изградба и асфалтирање
  • Приоритетен регионален патен правец
  • Приоритетен систем за водоснабдување
  • Приоритетен проект за јавно осветлување
  • Приоритетен канализациски систем
  • Приоритетен проект за регулација на водотеци
  • Приоритетен проект за изградба на детски забавни паркови и игралишта

Резултатите од анкетата ќе бидат користени за дефинирање на приоритетите на  Општината  за наредната 2018 година.

Големина на фонт
Контраст