Ветивме и исполнуваме – транспарентна, чесна и одговорна локална самоуправа

Ветивме и исполнуваме – транспарентна, чесна и одговорна локал…

Ветивме и исполнуваме – транспарентна, чесна и одговорна локална самоуправа!

Posted by Борјанчо Мицевски on Понеделник, 13 Ноември 2017

 

Пред превземањето на локалната власт ветивме чесна, одговорна и транспарентна општина за сите граѓани и тоа го остваруваме, воведувајќи нова пракса со отворени денови на градоначалникот и председателот на Советот, буџетски форуми, локална канцеларија за општински услуги и други мерки истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Најави воведување отворени денови со градоначалникот секој 15-ти во месецот и приемен ден секој четврток од 11 до 15 часот.

-За транспарентно и услужно работење воведуваме и приемен ден на претседателот на Советот секој вторник од 11 до 13 часот, пренесување во живо на седниците на Советот, ја продолжуваме праксата за буџетски форуми за донесување на општинскиот буџет, воведуваме листа на приоритетни проекти кои граѓаните ќе ги гласаат и ќе одберат кој да се реализира преку гласање на веб-страната на општината, а седниците на општинскиот Совет ќе бидат отворени и ќе може кој било да присуатвува на истите, по претходна најава и пополнување формулар, рече Мицевски.
Посочи дека веќе е отпочнат и процесот на реактивирање на месните самоуправи и избор на раководства на истите.

-Ќе отвориме локална канцеларија “мој администратор”, каде сите граѓани ќе добиваат информации и инструкции, како и помош при пополнување формулари, барања и останати потреби од локалната самоуправа, додаде Мицевски.

Тој ги повика граѓаните будно да ја следат работата на локалната власт во интерес на забрзан развој на општината која ќе биде сервис на сите граѓани.