Дневен ред на 3-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 65 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 3-тата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 15.11.2017 година (среда) во 12 часот.

Дневен ред

  1. Предлог – Решение за формирање Комисија за статут и прописи;
  2. Предлог – Решение за формирање Комисија за комунални работи и сообраќа
  3. Предлог – Решение за формирање Комисија за урбанистичко планирање, уредување на просторот, заштита на животната средина и природата;
  4. Предлог – Решение за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
  5. Предлог – Решение за формирање Комисија за финансии и локален економски развој;
  6. Предлог – Решение за формирање Комисија за јавни дејности;
  7. 7. Предлог – Решение за формирање Комисија за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
  8. Предлог – Решение за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2018 година;
  9. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2017 година;
  10. Предлог-Одлука за формирање Комисија за спроведување на постапка на постапка на избор на членови на советите на месните заедници на подрачјето на Општина Крива Паланка ;
  11. Предлог-Одлука за давање на согласност за потпишување на Договор за спроведување на проеки за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Североисточниот плански регион во рамките на ИПА2;
  12. Предлог-Одлука за давање согласност  на привремено намален број на деца по групи од предучилишна  возраст во ОЈУДГ Детелинка Крива Паланка за Општина Ранковце за 2017/2018;
  13. Предлог-Одлука за давање согласност на барање за формирање  на паралелки со помал број на ученици за учебната 2017/2018  година  за ООУ „Јоаким Крчовски„;
  14. Предлог-Одлука за давање согласност на барање за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2017/2018  година за ООУ „Илинден„и
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на барање за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2017/2018 година  за СОУ „Ѓорче Петров“.

Седницата ќе се одржи во  салата на ЛУ Градски музеј  на Општина Крива Паланка.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Изабела Павловска