Известување до спортските здруженија

Имајќи го предвид стратешкото значење на спортот како и определбите на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт за негова поддршка, а пред се за  поефикасно функционирање и поголемо системско зајакнување на спортот, потребно е сите регистрирани спортски здруженија да достават ПРОГРАМА ЗА РАБОТА  за 2018 година со целокупна финансиска конструкција.

Програмите да се достават во печатена форма до Општина Крива Паланка, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија,  најдоцна до 06.11.2017 година.