Дневен ред на 1-та конститутивна седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член  3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 1-та Конститутивна седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 02.11.2017 година (четврток) во 12 часот.             

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н  р е д:

  1. Извештај на Општинска изборна комисија на Крива Паланка;
  1. Избор на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања на Советот на Општина Крива Паланка;
  1. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Крива Паланка; и
  1. Избор на претседател на Советот на Општина Крива Паланка.  

Седницата ќе се одржи во салата на ЛУ Градски Музеј  на Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
м-р Борче Стојчевски