Отчетот за сработеното во Општина Крива Паланка за периодот 2013-2017 година

Почитувани сограѓани,

Во досегашниот 4 годишен период се рализираа многу проекти и активности од сите области и надлежности кои ги има општината.
Затоа Општина Крива Паланка и Градоначалникот Арсенчо Алексовски, Ве покануваат заеднички да ја проследиме презентацијата на Отчетот за сработеното во Општина Крива Паланка за периодот 2013-2017 година.
Презентацијата ќе биде извршена во салата на НУ Центар за Култура Крива Паланка на ден 11.08.2017 година (петок) со почеток во 20.00 часот.
Ќе ни причинува особена чест и задоволство доколку со Вашето присуство го збогатите овој настан.

Со почит,

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст