Презентација на можностите и условите за користење на средствата од новата ИПАРД Програма

Почитувани,

Ве известуваме дека Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општина Крива Паланка и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе ги презентираат можностите и условите за користење на средствата од новата ИПАРД Програма 2014-2020 година за мерките:

  • Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства
  • Диверзификација на фармите и развој на бизнис (посебен акцент ќе се стави на рурален туризам)

Презентацијата ќе се одржи на 04.04.2017 во 15.00 часот во Салата на Советот на Општина Крива Паланка.

Ги покануваме сите  заинтересираните земјоделци,занаетчии и стопанственици да присуствуваат на овој настан.

Презентација – Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства

Презентација – Диверзификација на фармите и развој на бизнис (посебен акцент ќе се стави на рурален туризам)

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство