Сите за чиста и зелена Крива Паланка

Почитувани граѓани,

На иницијатива на Градоначалникот на Општина Крива Паланка на ден 25 Март (сабота) 2017 година се организира голема пролетна еколошка акција под мотото „Сите за чиста и зелена Крива Паланка“.

Општината Крива Паланка и ЈП „Комуналец“ започнаа со пролетна акција за средување и чистење на градот преку спроведување на активности за чистење на регулациите на доловите и уредување на одредени јавни и зелени површини, меѓутоа како и секоја година така и оваа година се организира пролетна масовна акција за чистење и средување на градот и приградските населби.

Овогодишната пролетна еколошка акција „Сите за чиста и зелена Крива Паланка“ е со план да се исчисти и разубави животната и работната околина, со масовно вклучување во акцијата на општинската администрација, вработените во институциите и јавните претпријатија, учениците и наставниците од осоновните и средното училиште, вработените од приватниот бизнис сектор, здруженија на граѓани, месни заедници и воопшто граѓаните на Крива Паланка.

Оваа предвидена еколошка акција има за цел да ја потврдиме заедничката одговорност во остварување на заложбата за почиста животна средина и поубава и посреќна иднина.

Акцијата ќе опфати собирање на отпадоци од јавните и зелените уредени и неуредени површини, покрај патни површини, паркиралишта, спортски терени, речни корита, дворните површини на колективните згради и институциите, пред дворовите на граѓаните, а од страна на ЈП „Комуналец“ ќе се спроведува миење на улици, кроење на дрвореди, засадување на цвеќиња и садници, чистење на поголеми депонии се со цел разубавување на нашата животна средина.

Бараме од Вас да и Вие се вклучите во оваа голема еколошка акција со чистење пред Вашите дворови, вклучување на некои од локалитетите за чистење, кроење на дрвцата од Вашите дворови кои се надвиснати над јавните и сообраќајни површини, засадување на цвеќиња во Вашите дворови и сл.

Акцијата ќе започне во 9,00 часот и ќе трае до 12,00 часот. Истата ќе биде медиумски покриена како во локалните, така и во државните медиуми.

Лице за контакт и Координатор на акцијата Бранко Велиновски-тел: 075-236-557

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст