Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16) градоначалникот на Општина Крива Паланка го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

   Се известуваат физичките и правните лица дека градоначалникот на општината Крива Паланка донесе Одлука за спроведување на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Архитектонско-урбанистички проект за сервиси Г3 на к.п.бр.6750/1 во

К.О. Крива Паланка, м.в. Грамаѓе во општината Крива Паланка

Јавната анкета по горенаведениот Архитектонско-урбанистички проект ќе се одржи од 17.03.2017 година до 24.03.2017година секој работен ден од 08,оо часот до 16,оо часот во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина во општината Крива Паланка.

Јавната презентација ќе се одржи на ден 20.03.2017 година (понеделник) со почеток во 12,оо часот во малата сала на општината Крива Паланка.

Соопштението за организирање на јавната презентација и јавната анкета ќе биде објавено во дневниот весник „Вечер“ и „Нова Македонија“, на веб страната на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам, на информациските табли на општината Крива Паланка и во просториите на општината Крива Паланка.

Просторот кој е дефиниран со Архитектонско-урбанистичкиот проект се наоѓа на локалитетот кај објектот на Здружение на возачи и е дефиниран во следните граници:

  • На север со граница на постоечка сообраќајница-Улица „ 1 “;
  • На исток со граница на постоечка сообраќајница-Улица „ 2 “;
  • На југ со к.п.бр.6748/2;
  • На запад со к.п.бр.6749.

Вкупната површина на планскиот опфат е 2.635,594 м2.

Во определениот рок заинтересираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови, кои се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка, со забелешки и предлози по однос на горенаведениот Архитектонско-урбанистички проект.

Информации по однос на горенаведениот АУП може да добиете и на телефонскиот број  031-376-480.

 

                                                                                          ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                         Градоначалник

                                                                                     Дипл.правник Арсенчо Алексовски  

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст