Соопштение за граѓаните – Традиционална прослава на Бадник

Пoчитувани сограѓани,
Ве известуваме дека по повод големиот христијански празник Бадник, на централниот плоштад во Крива Паланка се организира палење на бадниковиот оган. Церемонијата, како и години наназад, ќе се одржи на 6-ти Јануари 2017 г. во 16.30 часот и ќе биде во духот на традиционалниот начин на прославување и бадникарските обичаи.
Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на плоштадот и заеднички да го прославиме овој убав ден во пресрет на Бадник и Христовото раѓање Божик.