Новогодишно дефиле со Дедо Мраз

Почитувани граѓани,
Со цел да ги израдуваме нашите најмлади сограѓани, Општина Крива Паланка организира пригодно новогодишно дефиле со Дедо Мраз низ градот. Новогодишното дефиле ќе започне на 31.12.2016 г. во 11.00 часот од пред општинската зграда и ќе продолжи низ населбите во општината се до 12 ч. кога дефилето ќе пристигне на плоштадот.
Трасата по која ќе се движи дефилето на Дедо Мраз е:
11.00 часот/ поаѓање од пред општинската зграда па се движи до Маневски Мост-населба Маневци, потоа движејќо се низ населбата Маневци се оди до мотелот и заобиколницата, потоа се продолжува низ улицата „Партизанска“, па низ улицата „8-ми Септември“, населба Баглак, населба Бавчалк, новата бензинска пумпа, се продолжува до с.Конопница, дефилето продолжува низ улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и завршува во центарот на градот-плоштад.