logo
  • Видео Информации

    • 2019 – Година на инвестиции
      2019 – Година на инвестиции
    • Прес конференција на градоначалникот Мицевски за случувањата во МЗ Мождивњак
      Прес конференција на градоначалникот Мицевски за случувањата во МЗ Мождивњак
    • Добредојде за првачињата во новата учебна година
      Добредојде за првачињата во новата учебна година
    • Пресконференција по повод претстојните празнични збиднувања
      Пресконференција по повод претстојните празнични збиднувања
  • Видео пренос од седници на Совет

    • Свечена седница на Советот на општина Крива Паланка
      Свечена седница на Советот на општина Крива Паланка
    • 28. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      28. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 27. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      27. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 26. седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Карате клубот „Шампион“ во рамките на проектот „Промовирај се како натпреварувач – направи успех за себе и Општината“, на  05.11.2019 година во спортската сала „Партизан“ одржа заеднички тренинг со Карате клубот „Шурикен“ од Ќустендил, Република Бугарија.

    Од страна на тројцата тренери од двата клуба на тренингот беа презентирани нови карате техники во спортска борба (кумите). Во вториот дел  беше одржан двомеч во спортаска борба помеѓу двата клуба во различни возрасни и тежински категории каде беа презентирани  дел од карате техниките кои натпреварувачите ќе ги користат во претстојните натпревари што следат. Исто така најмалите членови од клубот има можност одблиску да се запознаат со натпреварувачкиот дел од карате спортот кој како знаеме стана дел од големото олимпиското семејство на спортови и своето деби ќе го има на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

    Од страна на двата клуба беше изразено задоволство од прикажаното ниво на презентирани  техники за време на тренингот и беше заклучено оваа соработка да продолжи и во наредниот период со вклучување и на други клубови од нашата земја и од странство.

    Проектот е финансиран со  средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.

     

     

     


    Стотина родители и деца вчера учествуваа во спортско-рекреативните игри на платото кај градскиот плоштад во Крива Паланка во рамки на проектот „Безбедни училишта- игри без граници”. Проектот е во организација на отсекот за превенција при Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, во соработка со СВР Куманово, отсек превенција, сојуз на училишен спорт на Куманово и Крива Паланка, основните и средното училиште од градот и Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.

    – Насилство во и врз училиштата зема се поголем замав, а насилството врз децата започнува уште во раната возраст и се провлекува низ подоцнежните фази на развој и во училиштата и во останатите сфери на социјалната средина. Насилството во училиштата во социолошката литература се третира како производ на општествената криза.Токму затоа отсек превенција при СВР Куманово го реализира проектот Безбедни училишта, кој низ различни активности во текот на годината, веќе повеќе години, влијае директно на превенција на насилството, на едукација на младите, на инволвирање на сите чинители, од родителите, наставниците и останатите „актери” во општеството, за да се променат нештата во позитивна насока. Во таа насока е и денешниот настан во кој конкретно се креирани активности за вклучување и на родителите и на дечињата, за квалитетно поминато слободно време заедно на членовите на семејството, основна алка на општеството, изјави Стојмир Стефановски, помошник командир за јавен ред и мир од отсек за превенција ПС ОН, Крива Паланка.

    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски рече дека модерните технологии се наплив во социјалното живеење во денешницата, одземајќи го времето за дружба и квалитетно поминато слободно време на родителите и децата.

    – Сите сме помалку или повеќе жртви на модерната ера, заборавајќи дека квалитетот на живот и посветеност на младите, на децата, придонесува за градење здрави навики на идните генерации.Овој вид игри за дружење без граници се само еден концепт кој треба да се пресликува што повеќе во нашето секојдневие, рече Мицевски.

    Игрите вклучија трчање, штафетен полигон со погодување на зададена цел, заеднички активности за родителите и децата во екипите, а крајниот резултат беше во втор план, победници се сите кои дојдоа да учествуваат и да ги бодрат, истакнаа организаторите.


    Професорката по музичко образование Лариса Жулина Митовски од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка викендов од Белград се врати со престижната титула „Најдобар наставник во поранешна Југославија”.

    Признанието го доби во конкуренција на 80 пријавени просветни работници од просторите на поранешна Југославија кои беа дел од Третата акредитирана регионална конференција „Светот на образованието ги брише границите“ која се одржа во главниот град на соседна Србија.
    – За мене е огромна чест што ја добив оваа титула. Се вреднуваше мојот целокупен педагошки труд и постигнувања во областа на образованието. Оваа титула е признание и за моите ученици и нивните родители, од кои секогаш добивав поддршка во работата, вели професорката Жулина Митовски.

    Асоцијацијата на најдобри наставници во поранешна Југославија која  е формирана од наставничките Весела Богдановиќ од Македонија и Жељана Радојчиќ Лукиќ од Србија,  финалистки на светскиот натпревар за наставници Global Teachers Prize,  има за цел да ги обедини и вмрежи наставниците ентузијасти и креативци, кои заедно ќе ги избришат границите и ќе го подобрат образованието.

    За да се стане член на оваа асоцијација, треба да се исполнат строго одредени критериуми, кои говорат за вложениот труд и напор на еден наставник и успесите кои тој ги постигнува во сферата на образованието. Од Крива Паланка во асоцијацијата членуваат уште и  Добри Јовевски, кој е добитник на признанието за најдобар наставник  и Живка Стоилковска, одделенски наставници од ООУ „Илинден“.

     

     


    Во прилог на развојот на културата во општина Крива Паланка и подобрување на културната програма и културните содржини за задоволување на потребите на граѓаните, Ве покануваме на вториот културен форум, кој ќе се одржи на 07.11.2019, во 12 часот, во салата на Советот на општина Крива Паланка.

    Вториот културен форум е на тема: 

    КАКО ДА ЈА ПОДОБРИМЕ КУЛТУРНАТА СЦЕНА ВО КРИВА ПАЛАНКА?

    На форумот е предвидено присуство на претставници од општина Крива Паланка, во чија надлежност е областа на културата, културните установи (НУ Центар за култура, ЛУ Градски музеј), граѓански организации, интересни и неформални групи, уметници, креативци,  љубители на уметноста и граѓани.

    Целта е да се даде придонес во идентификувањето и дефинирањето на стратешките приоритети и цели за унапредување на културата во Крива Паланка, како и да се  креира листа со предлози за нови, атрактивни и креативни културни проекти, со можност да се реализираат во идниот период.

    ГО ОЧЕКУВАМЕ ВАШЕТО ПРИСУСТВО И ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ.

     

     


    Денес во просториите на Општина Крива Паланка беше претставен мониторинг извештај за 2019 година кој се однесува на вклученост на граѓаните и транспарентноста на Општината.

    Споменатиот мониторинг е спроведен од НВО Инфоцентар, во соработка со Регионалниот центар за соработка „Спектар”, Центарот за младински иницијативи „Цик-Цак” и „Норгес Вел“ од Крива Паланка, во периодот мај-септемри 2019 година.

    Спроведениот мониторинг е во рамки на проектот Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ново, а истиот е финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме подржан од Шведската влада.

    Според денешните презентирани клучни наоди и препораки од Мониторинг извештајот за 2019 година,  беше претставено дека Општинaта има високо ниво на транспарентност и отчетност со интернет страница која обезбедува лесен и сеопфатен пристап до информации и документи, но исто така Општината покажува добра практика на консултирање и вклучување на граѓаните, која треба да се одржува и да се интензивира со нови и различни содржини.

    Според овој мониторинг извештај јавните расправи, форумите и дискусиите како и средбите на општината и градоначалникот со граѓаните треба да се организираат почесто и тоа во самите месни заедници, но и покрај нерешениот правен статус на месните заедници, добро е што општината се обидува да ги организира и заживее руралните средини.

    Треба да се лобира за заокнски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заедници, бидејќи тие се основната алка за воспоставување директна комуникација и вклучување на граѓаните. Натамошното интензивирање и продлабочување на соработката со граѓанските организации ќе биде поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница.

    Останатите препораки според мониторингот се општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните, како и тоа дека е потребно да се доразвие анкетата на интернет страницата која во моментот е единствената алатка за сондирање на ставовите на граѓаните.

    -Според податоците можам да истакнам дека општина Крива Паланка не само што има висока отчетност, таа има најдобра интернет страница и би требало да биде урнек кој ќе го следат и останатите општини. Имено, да потенцирам дека мониторингот опфаќа уште 5 општини, а тоа се општините: Кавадарци, Неготино, Маврово, Ростуше и Теарце. Општината остварува добра соработка со граѓаните и преку разни форуми,  дебати и проекти, истакна Билљана Велкова –промотор на Мониторинг извештајот за 2019.

    -Ќе се трудиме да ја задржиме нашата транспарентност и отчетност пред граѓаните и во наредниот период преку разите форуми и дебати каде може да се земе активно учество во фаза на планирање.

    Имаме директен пренос на Седница на Советот на општина Крива Паланка и линк преку кој можат директно да се вклучат и граѓаните. Исто така остваруваме соработка со невладиниот сектор, издаваме месечен билтен за информираност, имаме отворен ден (четврток) за прием на граѓаните и вторник каде прием врши Претседателот на Советот на општината како и низа други активности кои можеби не се гледаат во прв ред, но се посветува голем дел од времето за вклучување на граѓаните во проблемите и нивна информираност за сето она што е поврзано со општината-изјави градоначалникот Мицевски.

    Мониторинг извештај за вклучувањето на граѓаните и транспарентноста на Општина Крива Паланка

     


    Општина Крива Паланка и НВО Инфоцентар  Скопје Ве покануваат на презентација на Мониторинг извештајот за транспарентност на локалната самоуправа на Крива Паланка, која ќе се одржи на 4 ноември, во 12 часот, во големата сала на општината.

    Наодите од извештајот ќе ги презентираат градоначалникот на Крива Паланка г-н Борјанчо Мицевски и претставник на НВО Инфоцентар од Скопје.

    НВО Инфоцентарот, во соработка со Регионалниот центар за соработка „Спектар“, Центарот за младински иницијативи „Цик-цак“ и Норгес Вел од Крива Паланка, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општин­ските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.

    Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година. Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни за­едници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните доку­менти на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

    Во овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

    Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партципативна демо­кратија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

    Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја проследат презентацијата и да се запознаат со  механизмите, алатките и степенот на транспарентност на Oпштина Крива Паланка, како и да учествуваат со свои предлози за поефикасна и отчетна локална самоуправа.

     


    Временските услови овозможуваат градежните активностите за рехабилитација на објектот на детската градинка Детелинка да течат со несмалено темпо. Имено по промената на кровот, течат активностите за изградба на термоенергетска фасада и промена на целокупната столарија и тоа по цели 40 години.

    Во текот на вчерашниот ден обиколка и увид во работите направија претставници од канцеларијата на УНОПС со раководителката  Шерифе Исмаили Касапи. Се работи за финансиска помош од околу 90.000$ со која ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот  и условите за сместување на околу 200 дечиња.

    Ова е трета активност на овој објект за само неколку месеци, по што се очекува распишување на јавна набавка и за надградба на нов кат на објектот во централното градско подрачје за што веќе е комплетирана проектната документација и се обезбедени 23.500.000 денари од Министерството за труд и социјална политика. 


    Главните предизвици за развојот на културата во општина Крива Паланка беа тема на културниот форум, кој се одржа во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности, во рамките на проектот „Овозможувачка културна средина“, поддржан од општината преку Програмата за финансирање на проектни активности на здруженија и фондации.

    На форумот присуствуваа претставници на локалната самоуправа, НУ Центар за култура, ЛУ Градски музеј и граѓанските организации, кои работат на унапредување на културата во Крива Паланка. Тие дискутираа за зајакнување на капацитетите на носителите на културната дејност, Предлог програмата за култура на општина Крива Паланка за 2020 година, креирањето на нови атрактивни и иновативни содржини, како и за други предизвици со кои е соочена кривопаланечката културна сцена.

    Генералниот заклучок е дека акцентот на идниот културен равој треба да биде насочен кон поттикнување на иницијативност и поголема застапеност на младите во културните настани, како и дефинирање на нови форми на културни проекти за привлекување на поширока публика и посетители.

    Градоначалникот Борјанчо Мицевски потенцираше дека општината делегира одредени културни манифестации на невладиниот сектор и ја зајакнува соработката со културните субјекти, со цел да се овожможи поквалитетна културна  програма, што ќе ги задоволува потребите на кривопаланечката публика од сите категории.

    Во однос на Предлог програмата за 2020 година, која ја претставија раководителот на Секторот за општи и правни работи, финансиски прашања и локален економски развој Мартин Николовски и директорот на Градскиот музеј Драган Величковски, учесниците на форумот немаа поголеми забелешки. И покрај рестриктивниот буџет, беше заклучено дека програмата нуди повеќе  нови содржини и дека треба да се работи на нејзина поголема и поквалитетна реализација.

    Вториот културен форум, кој е дел од проектот„Овозможувачка културна средина“, ќе биде одржан на 7 ноември, во 12 часот, во салата на општина Крива Паланка. Од оваа сесија треба да произлезат конкретни предлози за нови културни проекти со кои ќе се збогатува културната сцена во општината.

     


    Се известуваат граѓаните на општина Крива Паланка посебно жителите во селските населби, дрвоберачите и ловџиите  да не вршат палење на оган на отворен простор. Имено деновиве сме сведоци на зачестени пожари на отворен простор во нашата општина, кои во најголем дел се предизвикани од крајно невнимание  на несовесни граѓани или со намера  со што се опожаруваат големи површини и воедно се причинува голема  материјална штета како по биодиверзитетот така и по  имотот на граѓаните.

    Согласно Законот за земјоделско земјиште, Законот за шумите, Законот за ловство, Законот за заштита и спасување, Законот за отпад, Законот за амбиентален воздух, Законот за заштита на животната средина и природата, Законот за облигационите односи  и многу други закони  и подзаконски акти, предвидени се одредби  дека секој граѓанин  е должен  да се однесува  соодветно во животната средина, да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, на шумите, на ловиштата, да  ја заштити животната средина и природата, како и да го заштити амбиенталниот воздух од загадување.

    Согласно важечките закони за ваквите негативни појави  предвидени се големи казни. Глобата за предизвикување на пожар  изнесува до 3000 евра во денарска противвредност, како  и покренување на постапка за сторено кривично дело.

    Доколку  било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание предизвика пожар  со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ќе ја плати во прекршочната постапка, да ја надомести и предизвиканата штета.

    ПОРАДИ  ТОА  СЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА  ДА  НЕ ПАЛАТ  ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР, ДА НЕ  ГИ ПАЛАТ СТРНИШТАТА, ИСУШЕНИТЕ ОСТАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РАСТЕНИЈА, ДА  НЕ ПАЛАТ ОГАН ВО ШУМИ, ЛОВИШТА И НА ДРУГИТЕ ПОВРШИНИ  СО КОЕ БИ СЕ ПРЕДИЗВИКАЛА  МАТЕРИЈАЛНА КАКО  И НЕНАДОМЕСТИВА ШТЕТА  НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА.

    НАЈСТРОГО  СЕ ЗАБРАНУВА   ПАЛЕЊЕ НА  ОТПАДОТ  СОБЕРЕН ОД ЧИСТЕЊЕ НА ЛИВАДИ И   ДВОРОВИ  КАКО И ПАЛЕЊЕ НА РАЗНОВИДЕН КОМУНАЛЕН  ОТПАД.

     

                                                                                                      Општина Крива Паланка

                                                                                        

                                                               

     

     


    Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 29-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 06.11.2019 година (среда ) во 14.00 часот.

    Д н е в е н   р е д:
    Усвојување на записник од свечена седница и 28-та седница

    1. Предлог – Одлука за усвојување на квартален извештај за извршување на Буџетот  на Општина Крива Паланка  за  К1 ,К2 и К3  зa  III квартал зa 2019  – Крива Паланка;
    2. Предлог – Одлука за изменување и дополнивање  на Буџетот на Општина Крива Паланка  за 2019 година;
    3. Предлог –Одлука за отстапување на е-отпад  на Општина Крива Паланка  на ДОО ЕЛКОЛЕКТ од Скопје;     
    4. Предлог – Одлука за искнижување од деловните книги на расходуваната електронска и електрична опрема;  
    5. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2020 година;
    6. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на развој на информатичка технологија за 2020  година;
    7. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2020 година;
    8. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2020 година
    9. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на Локалниот економски развој за 2020 година;
    10. Предлог – Програма за социјална, детска и здравствена заштита во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    11. Предлог – Програма на Општина Крива Паланка од областа на соработка  со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година;
    12. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2020 година;
    13. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    14. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    15. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    16. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    17. Предлог – Програмата за јавна чистота во град Крива Паланка за 2020 година;
    18. Предлог- Програма за уредување и одржување на градското  зеленило  во Крива Паланка за 2020 година;
    19. Предлог –Одлука за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка;
    20. Предлог –Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Крива Паланка;
    21. Предлог –Програма за изработка на техничка документација -Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на улиците во Општина Крива Паланка и нивна реализација;
    22. Предлог-Програма за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2020 година;
    23. Предлог – Програма за превентивна дезинсекција и деретизација во Општина Крива Паланка за 2020 година;
    24. Предлог- Програма за третирање на кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2020 година;
    25. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во општина Крива Паланка за 2020 година;
    26. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на заштитата и спасување, противпожарна заштита и управување со кризи за 2020 година;
    27. Предлог-Решение за разрешување на член на Училишен одбор на СОУ Ѓорче Петров –Крива Паланка;
    28. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на СОУ Ѓорче Петров –Крива Паланка;
    29. Предлог-Одлука за давање согласностна Одлуката за набавка на моторно возило на ОУЈДГ Детелинка;
    30. Предлог-Одлука за предавање на движни ствари – фотоволтаичен соларен систем   на ООУ Илинден;
    31. Предлог-Одлука за предавање на движни ствари – фотоволтаичен соларен систем   на ООУ Јоаким Крчовски;
    32. Предлог-Одлука за предавање на движни ствари – фотоволтаичен соларен систем   на  СОУ Ѓорче Петров;
    33. Предлог-Одлука за формирање на Совет за туризам;
    34. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за „Изработка на техничка документација за изградба и уредување на Спортско-рекреативен центар на туристички локалитет Калин Камен во општина Крива Паланка“;
    35. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 2523/1 во К.О. Осиче, Општина Крива Паланка;
    36. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за за к.п.бр.148/2 и дел од к.п.147во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
    37. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2631 во К.О.Мождивњак, Општина Крива Паланка;
    38. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1515 во К.О. Кркља, Општина Крива Паланка;
    39. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.545 во К.О.Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
    40. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.641 во К.О.Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
    41. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.463 и дел од к.п.бр.462/2 во К.О. Дрење, Општина Крива Паланка;
    42. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.636 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
    43. Предлог –Одлука за ставање вон правна сила на Одлука на совет бр.09-463/45 од 09.03.2017 година за к.п.бр.6705/1 во КО Крива Паланка.

              

                                                                              

       СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                        Претседател,
                                                                                                            Изабела Павловска , с.р.

     


    Големина на фонт
    Контраст