logo

Проект „Иднина“

ООУ Јоаким Крчовски  дел од меѓународен проект преку програмата Erasmus+ со наслов ИДНИНА
(
FUTUREFuture Unique To Es, Robotics and E-Learning)

Програмата „Еразмус” е двигател на модернизацијата на образованието  во Европа и има за цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, поголема општествена кохезија, подобри работни места и подобри работни искуства  за своите граѓани.  Со цел постигнување на овие цели, програмата поттикнува размена, соработка и мобилност на наставен и ненаставен  кадар, ученици и студенти на подрачјето на Европа.   

Училиштето „Јоаким Крчовски“ е активен учесник во Еразмус програмата веќе неколку години и активно ги применува европските норми за подобрување на образованието низ размена, соработка и мобилност на наставен кадар.

 Од 01.09.2018 година, ООУ Јоаким Крчовски” – Крива Паланка е по вторпат училиште партнер во меѓународен проект ИДНИНА (FUTURE) преку програмата Erasmus+. Главен координатор на проектот е Португалија, а проектот ќе трае две години односно до 31.08.2020 година. Во рамките на проектот се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија и истиот ќе се одвива на англиски јазик. Проектот е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Главните цели на проектот се:

– Подобрување на математичките вештини со кодирање (алгоритми и математички размислувања,

– Стекнување на вештини: Како се кодира?

– Основи на роботиката преку математиката и природните науки,

– Web 2.0 Tool,

– Употреба на Web 2.0 и интернетот во секојдневната работа,

– Комуникација и усовршување на странските јазици,

– Запознавање на различни култури и учење за меѓусебна култура.

Уште еднаш нашите ученици и наставници ќе бидат во можност да разменат искуства со свои колеги од други држави, а со тоа и да го подобриме наставниот процес и успехот на учениците.

Се надеваме на успешна работа.

Активности во месец ноември

Во рамките на проектот Еразмус +, FUTURE (Иднина), во периодот од 26-30 ноември 2018год, во Вила Реал де Санто Антонио во Португалија се реализира првата средба помеѓу партнерите од проектот.
На почетокот на средбата училиштето домаќин имаше подготвено богата програма со која учениците преку песна и модерен танц ни посакаа топло добредојде. Потоа започна обиколка на училишниот комплекс, разгледување на просториите започнувајќи со неколку канцеларии за наставниците секоја за посебна намена, преку опремените кабинети и училници со смарт табли и проектори. 
 
Директорот на училиштето ни посака добредојде и успешна работа, со желби за понатамошна соработка, а воедно сите тимови одржаа презентација претставувајќи се себеси, училиштето, градот и земјата од каде доаѓаат со цел да се запознаеме и соработуваме подобро. 
 
При разгледувањето на училиштето, посебно бевме воодушевени од организацијата, достапноста, дисциплината, хигиената, гостопримството, како и училишната менза каде учениците секојдневно добиваат здрав оброк.  На одморите учениците имаат избор да играат пинг-понг во училишниот двор, да одат во училишната библиотека која изобилува со литература, компјутери и дополнителен материјал за да можат да се подготват за следните часови. 
 
Организираната посета на градот ни посочи за местоположбата на градот, кој се наоѓа на самата граница со Шпанија овозможува и го одредува минатото, но и иднината бидејќи сите работи се поврзани со близината со Шпанија и Атланскиот Океан.
 
Оваа средба меѓу партнерите беше збогатена со обука и практични вeжби за алатките web 2.0 од страна на експерти. Исто така, имаше натпревар меѓу најдобрите логоа изработени од учениците од земјите-партнери на кој за најдобро лого беше избрано логото на ученичката Андријана Илиевска од 9-1 одделение од ООУ „Јоаким Крчовски”.
 
Учесниците разговараа и се договараа за понатамошниот тек на проектот.
 

 


Големина на фонт
Контраст