Спуштена завесата на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Со претставата ЖЕНСКИ ТАЈНИ на Јадранка Ќулум, во режија на Тибор Вајда, а во изведба на српската актерка од Народниот театар СТЕРИЈА од Вршац, официјално беше спуштена завесата на програмата на вториот по ред Меѓународен театарски фестивал Св.Јоаким Осоговски 2010 година, во организација на Општина Крива Паланка.

Вториот по ред фестивал дефинитивно покажа дека кривопаланчани имаат потреба од театарската уметност и театар, каде ќе можат да се разонодат и да ги остават на страна тешките моменти од кризното време во кое живеат и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Следува период во кој ќе се сумираат впечатоците и во кој ќе се нотираат забелешките и пропустите, кои во иднина треба да се отстранат, со цел фестивалот од година во година да расте и да го оформува својот идентитет.

Ретроспективно, на годишната сцена можеа да се видат претставите МУШИЧКА – во изведба на Народниот театар Велес,  ТЕЛЕГРАМА – Народен театар Штип, БЛЕДИЦА – Драмско студио при НУЦК Крива Паланка, ЖЕНСКИ ТАЈНИ и ЕМИГРАНТИ – Народен театар Вршац, Република Србија, како и ЖЕНСКО ЦАРСТВО – ОДТ Ќустендил и ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ – ОДТ Дупница , Република Бугарија.

Големина на фонт
Контраст