„Емигранти“ во изведба на вршачкиот театар

На претпоследниот ден од вториот по ред Меѓународен театарски фестивал свое претставување имаше и Народниот театар СТЕРИЈА од збратимениот град Вршац. Тие ја изведоа претставата ЕМИГРАНТИ на Славомир Мрожек, а во режија на Мирослав Бенка.

Одличната перформанса на двајцата актери од Стерииниот театар само го потврдија високото ниво на квалитет што оваа година го понуди Меѓународниот театарски фестивал на кривопаланечката публика, која повторно ја наполни салата.

 

Фестивалот официјално ќе биде затворен  на 21.09.2010 година, со претставата ЖЕНСКИ ТАЈНИ, монодрама во изведба на актерката од Вршачкиот театар, Соња Радосављевиќ. Инаку, монодрамата е дело на Јадранка Ќулум, а е режирана од Тибор Вајда.