Делегација од Општина Крива Паланка во посета на Вршац

Делегација од Општина Крива Паланка, предводена од Градоначалникот Арсенчо Алексовски, во периодот од 17-19 септември претстојуваше во Вршац, Р.Србија, на покана на Градоначалникот на Општина Вршац. Посетата е во рамките на манифестацијата „Гроздобал“.

Општина Крива Паланка и Вршац, како збратимени градови, остваруваат интензивна соработка на полето на културата, а се прават напори соработката да се прошири и во другите области кои се од интерес на локалните заедници.

Посетата беше искористена за размена на искуства на полете на прекуграничната соработка со акцент на можноста за заедничко аплицирање за средства од европските програми на Крива Паланка и општини од Р.Бугарија од една страна и Општина Вршац и општини од Романија од друга страна. 

Големина на фонт
Контраст