Tрета фестивалска вечер со претставата „Телеграма“

Третата вечер на вториот Меѓународен театарски фестивал беше резервирана за актерите на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип, Страшко Милошевски и Слободанка Чичевска, кои имаа извонредна перформанса на претставата ТЕЛЕГРАМА на Катерина Момева.

 

Претставата беше вистинско освежување за љубителите на посериозни содржини, по првите две вечери исполнети со комедии, во која се опишува секојдневието на два пензионера, кои се присеќаваат на своето минато, исполнето со многу заеднички убави и лоши моменти. Маестралното издание на двата актера наиде на одличен прием кај домашната публика, која полека со секоја нова претстава го кристализира своето чувство кон театарската уметност.

На 18.09.2010 година, своја премиера имаше и Драмското студио при НУ Центар за култура од Крива Паланка со претставата БЛЕДИЦА од Васе Манчев, во режија на младиот уметник Глигор Цветковски од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст