Отворена изложба на фотографии од Александар Кондев

Ретроспективната изложба на Александар Кондев беше поставена пред кривопаланечката јавност од 20 октомври во Градската уметничка галерија на кривопаланечкиот музеј, a отварањето на изложбата и  преставувањето на Кондев пред кривопаланечката публика се  одржа на 01.11.2016 година.

По желба на самиот автор отварањето на изложбата беше несекојдневнo со  работилница  за практично пренесување на повеќедецениското искуство од областа на фотографската уметност. Триесетина основци и средношколци од Крива Паланка имаа можност да се запознаат со тајните на уметничката фотографија на работилницата со фотографот Александар Кондев.

Работилницата за отворена ја прогласи градоначалникот г. Арсенчо Алексовски додека директорот на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, г.  Драган Величковски изрази големо задоволство од досегашната соработка со Александар Кондев и истакна дека тој како директор и неговата институција секогаш се отворени за нови соработки и нови идеи со кои ќе го збогатат културниот живот во градот.

Александар Кондев е роден 1950 г во Скопје каде завршил основно и средно училиште. Уште од основно училиште се запознал со фотографијата и фотографската техника. Напоредно со студиите на Економскиот факултет тој се посветувал на фотографирањето.

Александар Кондев е претставник на третата, но и најстара во моментот генерација на македонски фотоуметници, чие фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла во земјава.

Кондев е основач на Фото клубот „25“ каке делувал како педагог и илзагач. Првата самостојна изложба ја имал во 1977 година во галеријата на Домот на младите „25 Мај“. Во 1981 започнал да работи во фотографското студио „Фотоцентар“ во Скопје , а од 1989  година работи како самостоен  фотограф. Во пероодот  1994-2001 предавал фотографија на Академијата на ликовни уметности при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Зад себе Кондев има остварено  9 самостојни изложби, учествувал на 40-тина групни изложби во земјата и странство и има бројни национални и меѓународни награди.

Во Градската уметничка галерија на Градскиот музеј-Крива Паланка се изложени триесетина фотографии на Кондев. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти ноември годинава.

[embpicasa id=”6348683602089726513″]

 

Големина на фонт
Контраст