Работна посета на Општина Дупница

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски со дел од општинската администрација на 16.09.2010 ја  посети  Општина Дупница каде се оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Дупница, Атанас Јанев и со претставници на „Рила Гас“.

На состанокот беше разговарано за искуството на Општина Дупница и „Рила Гас“ во гасификацијата на градот со примена на моделот на јавно-приватно партнерство, како и можноста моделот да се преслика во општина Крива Паланка.

Посетата беше искористена за размена на искуства во делот на урбанизмот и комуналното уредување, а беа посетени и повеќе инфраструктурни објекти каде општината се јавува како имплементатор на проектот.