Со претставата „Не се клади на Англичани“ затворен осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

На десетата, последна, вечер на осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“настапи драмското студио при Националната установа Центар за култура од Крива Паланка со претставата „Не се клади на Англичани“. Претставата е работена според текст на Владимир Гурѓевиќ, во режија на Глигор Цветковски, а настапија Александар Ристовски, Кристијан Алексовски и Кристијан Цековски.