Промовиран романот „Претстава“ од Гоце Ристовски

„Претстава“ новиот роман од современиот македонски писател Гоце Ристовски вчера беше промовиран во Градскиот музеј во Крива Паланка во рамки на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

Книгата ја промовираше  публицистот Ставре Џиков, а извадоци од делото читаше актерот Владо Денчов.

Ристовски е автор и на две книги раскази, две антологии на македонската драма, една научна студија, четири монографии и повеќе преводи на литературни и историски дела од српски и бугарски јазик и еден драмски текст.

14333052_862433857191920_1821079552064015794_n 14379756_862434027191903_8853934407542580800_o 14352336_862433897191916_4781113893393797434_o