Претставата „Струјардеси“ на вториот ден од театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Театар комедија успешно го оствари своето гостување на вториот ден од тетарскиот фестивал во Крива Паланка, со хит-преставата „Стујардеси“.
Преставата е во режија на Синиша Евтимов, а работена по делото ,,Боинг боинг“ на Марк Камолети.
Улогата на Бернард ја одигра Атанас Атанасовски, а неговиот пријател Роберт го играше Валентин Костадиновски–Тино, куќната помошничка Берта е Марија Кондовска, а стјуардесите ги играат Нина Деан – Глорија, Кристина Ласовска – Габриела и Тања Мицков – Грета. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а музиката е на Драган Ѓаконовски-Шпато.
Претставата беше одлично прифатена, а на крај актерите беа наградени со овации од кривопаланечката публика.

[embpicasa id=”6331982956283595681″]

Големина на фонт
Контраст