Започна осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Крива Паланка од вчера до 23 септември ќе биде домаќин на осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ на кој ќе настапат реномирани театарски куќи oд Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Фестивалот беше отворен вечер во 20 часот со официјалното кревање на фестивалското знаме, по што беше доделено признанието „Лауреат на фестивалот“ кое годинава и припадна на позната актерка и директор на „Театар Комедија“, Јелена Жугиќ. Говор  за делото на Жугиќ одржа театарскиот критичар Лилјана Мазева.

Фестивалската програма ќе почне вечерва, во 20 часот, со настапот на Театар комедија со претставата „Стјуардеси“ на Марк Камолети. Во петок со почеток во 12 часот во Локалната установа „Градски музеј“ Крива Паланка ќе биде промовирано делото „30 години литературно творeштво на  Трајче Кацаров“, а вечерта настапува Народен театар Тузла, Б и Х, со „Свршувачка“ од Чехов.

На репертоарот се и настапите на Народен театар „Бора Станковиќ“ од Врање, НУЦК „Трајко Прокопиев“, Театар Кумановo со „Идиоти“, промоција на романот „Претстава“ од Гоце Ристовски, продукција „Како ви е драго“, Белград, НТ „Невена Коканова“, Дупница, НТ „Стерија“, Вршац и студио „Призор“ од Белград.

Фестивалот ќе биде затворен во петок 23 септември со настапот на младите актери од драмско студио при Нацонална установа „Центар за култура“, Крива Паланка со претставата „Не играј на Англичаните“ во режија на Глигор Цветковски.

Покровител на Меѓународнито театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е Општина Крива Паланка. Сите фестивалски вечери започнуваат во 20 часот, а претставите се одигруваат на сцената во Центарот за култура. Влезниците се со симболична цена од 50 денари, а собранатa сума ќе биде донирана во хуманитарни цели.

14362628_1099448823443494_5868287555612466246_o14324596_1099448520110191_516124211988759361_o14358688_1099448670110176_3693734456778140116_n14290053_1099448686776841_8120500656796089310_o

14372039_1099449860110057_6478011105885936129_o 14370267_1099449743443402_7530247410377779077_n 14361256_1099449590110084_5649941379300459314_o 14358788_1099448760110167_4500971289159418593_n  14355616_1099449940110049_1867897337962278892_n 14352630_1099449276776782_982910609952542426_o 14324126_1099448736776836_6735249832397581710_o  14138751_1099449210110122_7037762992820248600_o 14324594_1099449780110065_498133729578801507_o  14258176_1099449653443411_5823118609415012124_o 14289981_1099449393443437_2238044163816816064_o 14332942_1099449283443448_66949571182387357_n 14344830_1099449506776759_5859641467070625012_n  14305494_1099449170110126_307673655872994779_o 14352342_1099450013443375_6931586219769319563_o 14352496_1099448843443492_5120914695435182853_o 14316874_1099450096776700_1492822393078700467_n