По вторпат розева трка во Крива Паланка „И јас трчам за Ведран“

Во недела на 18 септември по вторпат во Крива Паланка ќе се одржи розева трка „И јас трчам за Ведран“ во организација на Здружението за поддршка и помагање на маргинализирани лица „Пинк Суппорт – Pink Support“. Водители на настанот се Тина Таутовиќ и Сузана Турунџиева.

Пријавените учесници ќе можат да трчат на

  • 10 км  – рутата започнува пред Општината до ЈП „Македонски шуми“ и назад двапати.
  • 3 км (одење или трчање како поддршка на настанот) – рутата започнува пред Општината до житни магаци и назад.

Како поддршка на оваа трка има и велосипедска тура на професионални велосипедисти и рекреативци кои ќе возат од Скопје до Крива Паланка и назад.

Настанот се организира со поддршка на Општина Крива Паланка, а собраните средства ќе бидат донирани на Ведран Велиновски, детето херој од поплавите кои го зафатија Скопје на 06.08.2016.

DiBiaggio New York ќе додели награди во машка и женска категорија за 1,2 и 3 место во двете трки, а секој учесник на 10 км ќе добие медал.

Ве очекуваме во Крива Паланка!

РОЗЕВА ТРКА

КРИВА ПАЛАНКА 18.09.2016

10:00 DJ SET  – Поставен пред општината

10:30 Собирање на тркачите и обраќање на водителката

11:00 Обраќање на организаторот

11:10 Обраќање на градоначалникот на општина Крива Паланка

11:15 Загревање

11:30 Старт на трките

12:00 Доделување на награди и признанија и пристигнување на велосипедистите

14:00 Крај на настанот

https://www.facebook.com/events/296266957405591/

I_jas_trcam_za_Vedran