Прием на учесниците на фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал  „Свети Јоаким Осоговски“, градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски ги прими претставниците на фолклорните друштва кои учествуваат на фестивалот.

Градоначалникот Алексовски и претседателот на организациониот одбор  Александар Рангелов го изразија своето задоволство и благодарност кон претставниците на фолклорните друштва за учеството на дванаесеттото фестивалско издание  по што следеше претставување на  учесниците, на фолклорните  друштва и државите од кои што доаѓаат како и  размена на  пригодни подароци како знак на успешната соработка.

[embpicasa id=”6323102194369713105″]

Големина на фонт
Контраст