Поетско читање „Лирски треперења“

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“, во среда на 27.07.2016, ќе се одржи поетско читање на платото пред Градски музеј (наместо пред манастирот Свети Јоаким Осоговски).

Настанот насловен како „Лирски треперења“ е со почеток во 19 часот, а учество ќе земат книжевниот клуб од Вршац, Р.Србија, Народно читалиште од Дупница, Р.Бугарија и клубот на читателите при НУ Центар за култура од Крива Паланка.

lirski_treperenja2016