Јелена Жугиќ лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Координативното тело за организирање на овогодинешниот осми по ред Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, на чело со Градоначалникот на општината, во рамките на подготовките за фестивалот вчера имаше работна средба со овогодинешниот лауреат, познатата македонска актерка и директорка на театарот „Комедија“, г-ѓа Јелена Жугиќ.

На средбата се разговараше за  деталите околу нејзиниот настап и доделувањето на наградата, што е планирано на 14.09.2016. Исто така, договорен е и настап на театарот „Комедија“ на отварањето на фестивалот на 15.09.2016. Инаку Жугиќ е осми по ред награден актер на фестивалот, а пред неа лауреати се Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Шенка Колозова, Страшко Милошевски, Мето Јовановски и Јордан Плевнеш.

И оваа година  се очекуваат повеќе интересни претстави и атрактивни актери од Македонија, Србија, Бугарија, БиХ и Хрватска да го привлечат вниманието на кривопаланечката публика, која со нетрпение го очекува новото фестивалско издание.

13716150_767606836715793_2324616363528965032_n 13723921_767606833382460_753689396110805391_o