Во Крива Паланка се одржа „Осоговска староградска вечер“

На  08.07.2016 на плоштадот „Карпошово востание“, со почеток во 20 часот, се одржa фестивалот на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“.

„Распеани паланчани“ ја отворија вечерта со три песни од кривопаланечкиот крај, а во продолжение на фестивалската програма настапија „Распеани пензионери“ од Берово, „Камелија“ од Свети Николе, „Еделвајс“ од Ќустендил, „Распеани радовишани“ од Радовиш и „Градски хор “ од Штип.

-Втора година по ред ја отвораме летната културна програма во Крива Паланак со овој фестивал кој на граѓаните им овозможува да уживаат во староградската музика и да се запознаат со една поинаква култура на живеење, рече градоначалникот Алексовски, на отварањето на фестивалската вечер.

Настанот се одржува во рамките на „Кривопаланечко културно лето“ во организација на Општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура од Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

[embpicasa id=”6305951734748959377″]

Големина на фонт
Контраст