БАСКЕРФЕСТ 2016

На 25.06.2016 година (сабота) на градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 19 часот, ќе се одржи фестивалот од отворен тип „БАСКЕРФЕСТ 2016“.

По четврти пат граѓаните на Крива Паланка ќе имаат можност да ги проследат неверојатните и единствени атракции под отворено небо на повеќе интернационални артисти. БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков тип во регионот.

(http://www.buskerfestmakedonija.com/index.php)