Изложба „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“

Изложба „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“ на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски беше отворена на 27 мај во Уметничката галерија при Градскиот музеј – Крива Паланка.

Изложбата ја отворија директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски. На исложбата говореа и Александар Кондев истакнат македонски фотограф и Елизабета Кузмановска преставник на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје
Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметничкистил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.
Во последниве седум години негов нов предизвик е историјата стара 4.000 години. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, неодамна резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката.

[embpicasa id=”6290365194298208737″]

Големина на фонт
Контраст