Репрезантација на македонските пингпонгари на прием кај градоначалникот

На 09.05 2016 година градоначалникот Арсенчо Алексовски организираше прием на членовите на Репрезентацијата на Македонија во пинг-понг за пионерки и пионери, младинки и младинци заедно со селекторот на македонската репрезентација Катерина Атанасова и тренерот на ППК Крива Паланка Виорел Уце.

Поводот за прием е освоените титули државни прваци и учеството на Балканското  првенство во Тиват Р.Црна Гора од 11-15. 05. 2016 година

Токму најновите резултати на кривопаланечките надежи и репрезентацијата на Македонија беа повод градоначалникот Арсенчо Алексовски да организира прием, на кој уште еднаш на симболичен начин ја демонстрираше веќе многупати докажаната поддршка.

По средбата  Градоначалникот уште еднаш го изрази задоволството од успесите на пингпонгарите и наведе дека општината во рамките на можностите ќе вложи напори што повеќе да го помага овој спорт. Целта е да се овозможи овој спорт да се шири што е можно повеќе, да се даде поттик за подршка  и на другите спортови што всушност е интерес на целиот град, децата и младите да се тргнат од негативните појави и нивната енергијата да се насочи во постигнување на позитивни резултати.