Регионална ревија на песни, музика и игра

На 4 мај во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа 14-та Регионална фолклорна ревија на песни, музика и игри во организација на Здружението на старосни пензионери од Крива Паланка и Ранковце.

Учествуваа здруженијата на пензионери од Кратово, Центар-Скопје, Куманово, Солидарност-Аеродром и Чаир од Скопје и домаќинот, Крива Паланка.

-Ние сме домаќини на  ревијата и на драго срце ги  угостуваме пријателите од регионот. Ова е исклучителна можност за размена на позитивна енергија, на убави зборови и мисли, а насмевките кои се раѓаат го продолжуваат животот- рече Славко Стојановски.претседател на извршен одбор на здружението на пензионери, Крива Паланка.

Свое обраќање пред приустните имаше и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македoнија,  Драги Аргировски .

– Ова е јубилејна година од пензионерското здружување во земјава, во која се прославуваат 70 години од формирањето на Сојузот на пензионери на Македонија и 25 години независнот на Македонија, а ревиите се само еден од начините да се прослави и презентира нашето здружување. Со игрите СЗПМ го поттикнува возобновувањето  на обичаите, традиционалниет песни да се извадат од заборавот, да оживеат Макеоднските изворни песни и песните на сите народи кои живеат во државата со што придонесуваме за зајакнување на идентитетот, а тоа е едно енпроценливо богатство-рече Аргировски.

Игрите ги прогласи за отворени градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Членовите на шесте здруженија со дваесетминутни настапи гo презентираа исконското Македoнксо трaдиционално фолклорно наследство, преку носиите, игрите, мелосот од краевите од каде доаѓаат. Учесниците ги оценуваше национален селектор од СЗПМ кој по завршувањето на ревиите во осумте региони ќе изврши евалуација и ќе одлучи кои точки ќе бидат дел од шестата Републичка фолклорна ревија што ќе се одржи на 7 јуни во Домот на армијата во Скопје.

Пензионерските ревии на песна, музика и игра се поддржани од страна на Министерството за култура на РМ како програма од национален интерес.

Инаку првите регионални фолклорни ревии се одржаа во 2002 година во Пробиштип. Крива Паланак втор пат е домаќин на истите, по 2011 година.