Успешно одржан Општинскиот крос 2016

Денеска во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, се одржа седмиот по ред Општински крос 2016.

На манифестацијата учествуваа ученици од основните училишта од трето до девето одделение и од средното училиште од прва до четврта година, во две категории машки и женски.

Должините на патеките по кои истрчаа беа различни при што за секоја категорија прво, второ и трето палсираните добија диплома и медалја.

Честитки за победниците и успеси во натамошните натпревари.