КК „Шампион“ на турнир во Власотинце, Р.Србија

Карте клубот „Шампион“ од Крива Паланка изминатиот викенд настапи на Меѓународниот турнир во Власотинце, Република Србија.

На турнирот земаа учество 37 клуба од Македонија, Србија и  Бугарија со вкупно 470 натпреварувачи. Нашите каратисти освоија вкупно 14 медали од кои 5 златни.

Во наредниот период следи настап и на уште неколку турнири се со цел успешен настап на Државно првенство за деца  на возраст од 11-14 години кое ќе се одржи во април, а  кое е изборно за Државната репрезентација која ќе настапи на Балканското првенство во Ниш, Република Србија.

1 2 3 4 5 6