Отворена изложба на 100 најдобри карикатури од Меѓународниот конкурс „Невестинско поклонение 2015”

По повод 8-ми Март, а во пресрет на културната манифестација „Невестинско Поклонение на Св. Теодор – Тирон“, на 7 март 2016 година, во Галеријата при Градскиот Музеј на Крива Паланка отворена е изложба на 100 најдобри дела од третиот по ред Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ на тема “Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”. Конкурсот е авторски проект на Стојанче Величковски, а се реализира во соработка со општина Крива Паланка и е поддржан од Годишната програма на проекти од национален интерес за 2015 година од Министерството за култура.
Ова несекојдневна изложба можат да ја посетат сите љубители на карикатурата како и гостите кои што ќе бидат дел од манифестацијата Невестинско Поклонение која годинава ќе се одржи на 20 март 2015 година.
Инспирација за востановување на Конкурсот е возобновениот народен обичај на невестинското поклонение кој се изведувал на тој начин што сите млади невести кои што ќе склучат брак помеѓу две тодорови саботи доаѓале заедно со своите свекрви, во народна носија, на невестинското поклонение за да добијат благослов од свештенослужителите за род, пород, слога и среќа во семејството.
Во изминатиот период реализирани се изложби во Крива Паланка, Куманово, Радовиш, Скопје во Република Македонија, како и во Република Бугарија во Тополовград, Шумен, Каспичан и Нови Пазар, а престојат изложби во збратимените градови на Крива Паланка.
За карикатурите е пројавен голем интерес, и затоа се планираат изложби во Словенија, Хрватска и Црна Гора.
Во 2015 година конкурсот беше на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”. На конкурсот пристигнаа над 180 дела од 26 земји од 75 автори од сите континенти, а во стучното жири беа ангажирани Наташа Костовска од Македонија и Алла Георгиева од Бугарија.
Победник и освојувач на трофејот „Невестулка“ за 2015 година е Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, втората награда ја освои Макхмудјон Ешонкулов од Узбекистан,а третата Андреи Попов од Русија. Дваестте автори кои што се пласираа во финалниот избор ќе добијат признанија за особено успешни трудови.

[embpicasa id=”6259585796620166721″]

Големина на фонт
Контраст