Розева трка во Крива Паланка

Со трки на три и пет километри на сите хумани ентузијасти од земјава во недела во Крива Паланка се одржа втората „Розева трка“, во организација на Здружението за заштита на маргинализирани групи „Pink Support“. Годинашната трка се одржа под мотото „Трчај за Јоце“, а собраните средства се наменети за третман со матични клетки на Јоце Блажевски, кој боледува од церебрална парализа.

Стартната позиција на „Розева трка 2015“ беше плоштад Карпошово востание, а на иницијативата со дваесетина учесници се приклучја и „Macedonian bike riders“ кои возеа стокилометарска тура Скопје – Крива Паланка и пристигнаа на стартот на трката.

Трката беше поддржана од Општина Крива Паланка, а свој придонес во хуманата мисија на „Розева трка“ со донации и ревијално учество дадоа и Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, „Веибо груп“, Крива Плаанка и учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“.

[embpicasa id=”6202430231485084897″]

Големина на фонт
Контраст