Крива Паланка е подготвена за РОЗЕВАТА ТРКА

rozeva_trka

Оваа година Розевата трка на здружението за заштита на маргинализирани групи Pink Support ќе биде одржана во Крива Паланка. 

Недела  04.10.2015 со почеток во 10.30 на плоштадот пред општината ќе започне забавата која ќе ја води Тина Таутовиќ и  инструкторката Елена Бубало .

10:00 – 11:00 Пријавување на учесниците
11:00 – 11:15 Најава на организаторот и обраќање на Градоначалникот
11:15 – 11:30 Загревање
11:30               Старт

Пријавените учесници ќе можат да трчат на 3 км  и 5 км.

Трката на 3 км е до житен магацин и назад, а трката на 5 км е до ЈП Македонски шуми и назад.

Спонзорите на трката ГОРСКА ВОДА  подарија вода за учесниците, ЗЛАТНО ЗРНО ќе подари крофни, во кафе баровите ФЕШН, СИНЕМА и ГАЛЕРИЈА учесниците ќе имаат попуст со бројче од трката. Во пицерија АКВАРИУМ и ПАРК Гиновци исто така ќе имат попуст 10% со тркачкото бројче . УРБАН ФМ радио е медиумски покровител, а  СКОПСКИ МАРАТОН и ПРВ ДО ВРВ ќе обезбедат техничка поддршкa.

DI BIAGGIO NEW YORK sports wear е главен спонзор со ваучери од 4.000 денари  за 1-во место на 5км, 3.000 денари за 2-ро место и 2.000 денари  за 3-то место.  За трката на 3 км обезбедени се ваучери од  3.000 денари  за 1-во место, 2.000 денари за 2-ро место  и 1.000 денари  за 3-то  место.

Настанот се организира со поддршка на Општина Крива Паланка, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Јоце Блажевски кој боледува од церебрална парализа.

Ве очекуваме во Крива Паланка !

Големина на фонт
Контраст