На претпоследната тетарска вечер настапи театарот „Jоза Ивакиќ“ од Винковци

Народниот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска се претстави на претпоследната фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоким Осоговски“.

Гостите од Хрватска ја изведоа претставата „Не се мотај разголена наоколу“, која ги обработува етичките норми и првила во средината, како и наивноста, простодушноста и недораснатоста на одредени општествени улоги.

Симпатичната актерска екипа и нивната изведба беа поздравени од кривопаланечката публика со бројни аплаузи, а гостите од Хрватска се заблагодарија на гостопримството, истакнувајќи дека токму преку учеството на Осоговскиот театарски фестивал ја запознале Македонија и нејзините убавини.

Денеска е последната фестивалска вечер на која настапуваат членовите на Драмското студио при Н.У. Центар за култура Крива Паланка. Тие ќе ја изведат претставата „Чорбаџи Теодос“ на Васил Иљоски, во режија на Лиле Стојановска и Глигор Цветковски.