Театарот„Kомедија“ гостуваше на втората фестивалска вечер

Извонредната актерска екипа на театарот „Комедија“ од Скопје ја освои кривопаланечката публика со изведбата на претставата „Ах, љубов моја“, со која синоќа настапи на втората фестивалска вечер на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

Вечната тема за љубовта и љубовните интриги, инаку турска приказна, вдахновена од комичната нота на познатиот режисер Коле Ангеловски, ги собра аплаузите на бројната публика.

Главните улоги ги толкуваа младите актери Нина Деан и Атанас Атанасовски, а во останатите улоги настапија извонредниот Александар Микиќ, Роберт Ристов, Крсте Јовановски, Зорица Стојановска и други.

Вчера, во 12 часот беше промовирано и делото „Од обред до театар“ од проф. д-р Тихомир Стојановски, за кое зборуваше литературниот и театарски критичар Гоце Ристовски, а настапи и актерот Страшко Милошевски.

На третата фестивалска вечер гостува актерската екипа на Уметничката работилница „Призор“ од Белград, Република Србија, со претставата „Цимери“. Претставата почнува во 20 часот.

[embpicasa id=”6195423520815448321″]

Големина на фонт
Контраст